Бројот на загинати во рускиот напад на хипермаркетот во Харков се зголеми на 12

од Vladimir Zorba

Бројот на загинати во рускиот воздушен напад на хипермаркетот „Епицентар“ во Харков, на североистокот на Украина, се искачи на 12, а 43 лица се повредени, соопшти обвинителството на регионот Харков.

Во исто време, бројот на повредени во рускиот напад врз центарот на Харков се зголеми на 25, пренесува Интерфакс Украина.

Украинските медиуми објавија дека руските сили во саботата неколку пати го гранатирале Харков.

Слични содржини