🎥Што прави Клоп по пензионирањето?

од Vladimir Zorba

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, игра падел во првите денови од неговото повлекување од големиот фудбал. Заврши англиската сезона за „црвените“, остана само финалето на ФА Купот да се одигра помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.

На социјалните мрежи се појавија клипови на кои Клоп игра падел, кој се збогуваше со навивачите во минатонеделната победа на домашен терен од 2-0 над Вулверхемптон Вондерерс.

„Поминаа пет дена од големиот ден, леле, збогум. Не знам дали бев доволно јасен, но ви благодарам многу за вашата љубов и поддршка. Тоа беше неверојатно искуство. Сега полека се обидувам да се навикнам на ситуацијата. Сега ќе се препуштам на мојата голема страст – падел. Денеска ми е трет тренинг, а на првите два е јасно дека одамна не сум играл и почнав од најниско ниво. Наскоро ќе достигнам повисоко ниво“, објасни Клоп.

Слични содржини