📊Приватните средни училишта во Македонија се исплатлив бизнис

од Vladimir Zorba
350 прегледи

Учењето во приватно средно училиште станува се поатрактивно. Од година во година се зголемува бројот на запишани ученици, што е секако потврда за подготвеноста на родителите да издвојат значителен дел од својот буџет или пак дури да земат кредит со единствена цел – олеснување на патот кон студирање и понатамошна работа во странство. Автентична поткрепа на ваквата пракса се и бројките за приходите и заработувачката на неколку приватни училишта во Скопје кои континуирано се движат по нагорна линија.

Според податоците на „БизнисМрежа“, осум приватни средни училишта во 2023 г.имале вкупен приход од 13,7 милиони евра што е раст од 10, 8 % споредено со 2022 г. Топ пет средни училишта според остварените приходи во 2023 г. се меѓународното училиште НОВА со над 4,5 милиони евра, училиштето МАРИФ од општина Брвеница со 3,5 милиони евра, Јахја Кемал со 3,2 милиони евра, потоа QSI со речиси 750.000 евра и ПСУ Алгоритам со над 580.000 евра приход.

Значаен е фактот што пет топ средни училишта по остварен приход и во 2022 г биле НОВА со 4,4 милиони евра, Јахја Кемал со 3,1 милиони евра, МАРИФ со 2,8 милиони евра, QSI со над 670 000 евра, но местото на средношколската академија за бизнис САБА лани го зазема ПСУ Алгоритам со приход од речиси 408.000 евра.

Што се однесува до остварената добивка, минатата година анализираните осум приватни училишта имале вкупна нето добивка од 1,02 милиони евра што е намалување во однос на 2022 г кога нивната заработка изнесувала нешто над 1,16 милиони евра. Најголем раст на добивката има Американската Гимназија или 44,76 % а веднаш зад неа е ПСУ Алгоритам со раст од 42,42 % . Потоа следат Американското училиште Македонија, па МАРИФ и петти на листата е QSI.

Лани во длабок минус завршиле интернационалното училиште МАРИФ со над 320.000 евра и QSI со над 192.ооо евра а намалена заработувачка во однос на 2022 г имаат и НОВА, САБА и Јахја Кемал. Наспроти нив имало средни училишта за кои 2023 година била исклучително добра од аспект на заработувачката.Па така најголем раст на нето добивката во 2023 во однос на 2022 г. забележало средното Американско училиште Македонија, потоа Американската гимназија а на третата позиција во топ три средни училишта е ПСУ Алгоритам.

К.В.С.

Слични содржини