📷На социјалните мрежи се бара „правда за Палчо“, велат невино бил обвинет

од Vladimir Zorba

Убиството на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на Панче Жежовски (74) од Велес ја потресе Македонија, а синоќа пристигна информација дека Љупчо Палевски Палчо, главниот осомничен за овие две кривични дела, е фатен во Турција.

Веднаш потоа на социјалните мрежи се појавија групи кои бараат „правда за Палчо“ во случајот со убиството на Вања и Панче во Македонија.

Палчо, првоосомничениот и претседател на партијата „Десна“ стана предмет на полемики на интернет, а една од групите е наречена „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“.

Групата, формирана вчера, собира поединци кои му изразуваат поддршка на Палчо, нарекувајќи го „вистински македонски патриот“.

Овој феномен предизвикува различни реакции во општеството, со оглед на тешкото обвинување зад неговото име.

Слични содржини