📸 Кралот Чарлс пристигна во Лондон на лекување, фотографиите го загрижија Интернетот

од Radmila Tasevska

Кралот Чарлс пристигна во Лондон каде ќе има терапија во наредните денови.

Чарлс, кому пред неколку дена му беше дијагностициран рак, дошол во Лондон од резиденцијата Сандрингем каде што поминал неколку дена. Тој пристигна во Лондон во друштво на неговата сопруга, кралицата Камила, пренесе Стандард лајф. 

Фотографиите од кралот го обиколија интернетот и многумина се загрижени за неговата состојба бидејќи на сликите изгледа прилично тажно.

Кралското семејство не откри за каков вид на рак се работи. Чарлс завршил во болница поради операција на простата, но било забележано дека не се работи за рак на простата. Дека ситуацијата е сериозна говори и фактот што принцот Хари пред неколку дена дошол во Лондон да се види со својот татко, иако веќе неколку години се во лоши односи.

Слични содржини