📸 За изработката на „голиот фустан“ на Мајли Сајрус биле потребни 675 часа рачна работа

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Мајли Сајрус ја освои првата Греми награда во кариерата, во категоријата за најдобра песна – Flowers.

Мајли привлече големо внимание со својот стајлинг, како на сцената, така и на црвениот тепих.

Имено, таа за црвениот тепих избра необичен „гол фустан“ во златна боја, а оваа креација ја потпишува брендот Maison Margiela.

Како што наведе W Magazine, за изработка на овој фустан од 14.000 златни алкички биле потребни 675 часа рачна работа, а украсен е со специјално избрани антички монистри.

Пејачката остави впечаток на египетска божица, а ова нејзино издание никого не остави рамнодушен. И додека некои ја нарекуваат Мајли една од најдобро облечените дами на Греми наградите, други мислат дека нејзиниот фустан „открива премногу“.

Слични содржини