📽 Мишел и Барак Обама заеднички за гласините за развод: Тоа се само трачеви

Барак духовито додаде „Ме прими назад. Беше напнато едно време“.

од desk2
30 прегледи

По неколку месеци шпекулации за криза во нивниот брак, поранешниот претседател на САД, Барак Обама и неговата сопруга Мишел отворено проговорија за својот брак. Тоа се случи во подкастот IMO што Мишел Обама го води со својот брат Крег Робинсон.

Во опуштен разговор, Мишел и Барак Обама, веднаш се свртеа кон гласините за проблеми во нивниот брак.

„Што, вие се сакате?“, се пошегува Крег Робинсон, на што Мишел со насмевка одговори:

„Ох да, тоа се само трачеви“.

Барак духовито додаде „Ме прими назад. Беше напнато едно време“.

Мишел зборуваше за тоа колку ѝ значи заедничкото време со сопругот но напомена дека не може постојано да се заедно. А тоа раѓа проблем.

„Кога не сме заедно, луѓето мислат дека сме разведени“, вели поранешната Прва дама на САД.

Таа емотивно признава дека немало моменти во нивниот брак во кој мислела да го напушти.

„Имавме некои навистина тешки периоди. Имавме и многу забавни моменти, многу авантури и станав подобра личност поради мажот за кого се омажив“, вели Мишел.

Нејзиниот брат Крег Робинсон кажа дека честопати го прашуваат за бракот на сестра му, а Барак призна дека честопати не е свесен што се зборува за нив.

„Тие работи едноставно ми побегнуваат, па кога некој ќе ми спомне, се чудам за што станува збор“, вели поранешниот претседател на САД.

Барак и Мишел Обама се 33 години во брак, во кој им се родија двете ќерки Малија (26) и Саша (24).

Слични содржини