📽 Објавена ПРВАТА СНИМКА од болницата во Газа во која упаднаа израелските сили

од Stefanija Kuzmanovska

На социјалните мрежи се појави првото видео, за кое се тврди дека е снимено во болницата Ал Шифа, најголемата во Појасот Газа, откако израелската армија упадна во неа.

Очевидец во болницата изјавил за Би-Би-Си дека тенкови и командоси упаднале во главниот оддел за итни случаи.

Белата куќа соопшти дека пациентите мора да бидат заштитени.

„Не сакаме да видиме борби со огнено оружје во болница“, соопштија од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Лицето кое го објави видеото на социјалната мрежа Х, навело дека израелски војници пукале во болницата.

Мануел Фабијан, воен дописник за „Тајмс оф Израел“, објави изјава од израелските одбранбени сили дека војската на земјата спроведува „прецизна и насочена операција“ во Ал Шифа.

Според ИДФ, во текот на ноќта израелските војници се бореле со оперативците на Хамас во болницата, каде наишле и на експлозивни направи.

Наведено е дека се убиени неколку вооружени членови на Хамас.

ИДФ соопшти дека израелските војници донеле инкубатори, храна за бебиња и медицински материјали во болницата.

„Медицинските тимови и војниците кои зборуваат арапски се на терен за да се погрижат се да им биде доставено на оние на кои им е потребно“, соопшти ИДФ.

Слични содржини