📽 Зеленски: Русија подготвува „експлозија“ на Балканот

од Stefanija Kuzmanovska

Обрнете внимание на Балканот. Верувајте ми, добиваме информации дека Русија има големи планови. Блискиот исток, и уште едно одвраќање на вниманието – Балканот. Ако западните земји и другите земји во светот не направат ништо, таму ќе има нова експлозија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој вели дека тоа не е ништо ново.

„Има криза меѓу земјите од Балканот, а тоа не е од вчера. Токму затоа Русија се меша таму, за една балканска земја да војува против друга. Русија е заинтересирана да го сврти вниманието. Постои разлика кога помагаш на една земја и кога таа помош и внимание треба да ги поделиш меѓу неколку од нив“, рече Зеленски, додавајќи:

„Помеѓу неколку земји, неколку кризи, неколку хуманитарни предизвици, не се работи само за оружје, туку и за хуманитарна помош, исто така за заштита на жените, децата, кои станаа жртви на војната“.

Тој понатаму изјави дека треба да се посвети внимание на Молдавија.

„Верувајте ми, Русија го организира истото таму. Сега почнуваат да ја дестабилизираат ситуацијата во Молдавија. Сакаат да покажат дека нешто не е во ред со изборите таму. Зошто? Да ги прогласат изборите за нелегитимни и да ја отстранат проевропската влада. Тоа е она што Русија го прави“, рече Зеленски.

Слични содржини