Некогаш многу успешна област за лов на китови, а сега ја населуваат само пингвини.

“Ќе се држите барем 200 метри подалеку од китови, преполно е со азбест, а кровови само што не се урнале”, било известувањето кое го слушнал Шафик Мегџи, наградуван новинар на BBC кој одлучил да го посети островот Јужна Џорџија.
Островот се наоѓа на југот на Атлантикот, а долг е 170 километри и широк 29 километри. Некогаш бил центар за ловци на китови, а денес природата повторно го заземала и на него живеат морски слонови и околу 400.000 пингвини.

Островот уште во 1675-та година го открил Антони дел ла Рок, претприемник од Лондон, а во некои постари мапи е запишан и како островот Рок. Дури во 1775-та година бродосопственикот Џејмс Кук го приклучил овој остров кон Обединетото Кралство, па тогаш го преименувале во Џорџија, во чест на кралот Џорџ Трети.
Кога ќе ги видите напуштените и кородирани бараки подготвени да се срушат, тешко е да се замисли дека оваа област била богата со азбест.
Сега тоа е дива, негостопримлива земја на глечери, планини и фјордови. Освен тоа, станува збор за еден од најосамените делови на планетата Земја. Британската прекуморска територија се наоѓа на 1.400 километри од најблиското населено подрачје.
На ова место годишно доаѓаат речиси 18.000 туристи, но тоа во главно се луѓе кои го посетуваат во рамките на антарктичко крстарење.