1 декември – Светски ден против ХИВ / СИДА

од Марта Пешевска
334 прегледи

Борбата против СИДА-та трае  повеќе од 30 години

 

На 1-ви декември го одбележуваме Светскиот ден за борба против ХИВ / СИДА. Борбата против СИДА-та трае повеќе 30 години.  Главната цел  на овој ден е да се предупреди и  да се обезбеди трансфузија на крв, како и третман и профилакса. Секоја година на 1 декември  речиси во сите земји се одбележува со се поголеми  информативни кампањи за превентива и заштита од оваа опака болест , бидејќи за неа сеуште нема лек кој може целосно и со гаранција да ја излечи.

Годинава  во Макеоднија се дијагностицирани 41 лице со ХИВ вирус, а тројца починале од СИДА. Сите новодијагностицирани се мажи, а 82 отсто се на возраст од 20 до 39 години. Според начинот на пренос, 78 отсто од случаите се мажи кои имале секс со мажи, седум лица пријавиле хетеросексуален пренос, а едно лице не го знае начинот на пренос, кажа д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје на одбележувањето на Први декември – Светскиот ден на борба против ХИВ/СИДА.

Тој рече дека најмладиот заразен има 21 година, а најстариот 51 година. Во сите центри низ државата има регистрирано случаи, а над 50 отсто се регистрирани во Скопје.

Нема ризични групи има само ризично однесување, затоа е многу важно да се преземат сите мерки за превенција , порачуваат лекарите.