10 миризливи свеќи за разубавување на есенските ноќи

од desk2
672 прегледи

Врвни мириси создадени за студените ноќи.

Миризливите свеќи навистина овозможуваат посебна димензија на просторот во кој што живееме, а по напорниот ден на работа нема ништо поубаво од враќање во топол и миризлив дом и релаксација со вашиот омилен филм или книга.

Истраживме кои се најпопуларните миризливи свеќи кои дизајнерите на ентериер ги обожаваат во есенските месеци, од нежните ноти на ванилата и лавандата, мирисот на шумското овошје и рози па се до неодоливите цитрусни и тропски мириси, ова се десетте миризливи свеќи кои ќе ги разубават и најладните ноќи.