10 симптоми кои укажуваат на скриен развој на дијабетес

од Vladimir Zorba

Дијабетесот е хронична ендокрина болест во која има зголемување на нивото на гликоза во крвта. Многу е важно болеста што поскоро да се дијагностицира и контролира, во спротивно се може да заврши со сериозни компликации.

Британските лекари наведоа 10 главни симптоми кои укажуваат на дијабетес, пишува весникот „Експрес“.

Честото мокрење е еден од најчестите симптоми на дијабетес кој не треба да се игнорира. Во просек, едно лице оди во тоалет четири до седум пати на ден. Ако треба почесто да го празнете мочниот меур, тоа може да биде знак дека вашите бубрези работат премногу напорно за да го отстранат вишокот шеќер од крвта.

Пациентите со дијабетес често се жалат на замор и слабост, потешко ги извршуваат секојдневните, вообичаени задачи, многу побрзо се исцрпуваат и постојано се чувствуваат скршено.

Ако забележите дека јадете повеќе од вообичаено, а чувството на ситост не доаѓа дури и по обилен оброк, тоа може да биде сигнал за дијабетес. Не можете да добиете доволно затоа што нивото на шеќер во крвта не се одржува на вистинското ниво.

Дијабетичарите не само што имаат поголема потреба од храна, туку и од вода. Ако не можете да ја задоволите жедта и да пиете повеќе од четири литри вода дневно, шеќерот во крвта е веќе надвор од границите.

Со почетокот на дијабетесот, видот може да се замагли, но штом започнете со третман, се се враќа на своето место.

Постојат пет други симптоми кои не се појавуваат толку често, но тие исто така треба да се земат предвид:

– Чувство на печење на кожата
– Чешање на кожата
– Раните и исекотините заздравуваат подолго
– Чести инфекции на уринарниот тракт и габични инфекции
– Раздразливост

Слични содржини