
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).
3 Крушево, 8 Маврово, 9 Лазарополе.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-12 Берово, -10 Д. Капија, -9 Куманово, Струмица, Штип, Тетово, -8 Скопје Зајчев Рид, Кр. Паланка, Битола, Прилеп, -7 Пожаране, -6 Маврово, Гевгелија, Виница, Лазарополе, -4 Дојран, Охрид, Претор, -3 Тополчани, Крушево, -2 Ѓуриште.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
Без врнежи
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Насекаде во земјава преовладува ведро и студено време со слаб ветер од северен правец, кој повеќе е изразен на повисоките места и планините. Долж Повардарието има појава на слаба магла.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево, попладне во западните делови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 4 до 12 степени.
Скопје Сончево, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 5 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Утре изутрина ќе преовладува стабилно, суво и студено време, попладне ќе има зголемување на облачноста почнувајќи од западните и северозападните делови каде кон крајот на денот и во среда ќе има локални врнежи од дожд и снег. Потоа позначителна промена на времето се очекува од четврток кога изразено северно воздушно струење, со засилен а повремено силен северен ветер, ќе предизвика студено време и повремени врнежи претежно од снег.