
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).
1 Претор, Д. Капија, Охрид, Дојран, 3 Скопје, 4 Виница, 7 Куманово, 9 Битола Тополчани, , 11 Кр. Паланка, Струмица, 16 Тетово, 18 Крушево, Берово, Дебар, 22 Ѓуриште, 31 Пожаране, 54 Маврово, 66 Лазарополе.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-12 Берово, -10 Маврово, Лазарополе, -8 Струмица, -7 Скопје Петровец, Кр. Паланка, -6 Тетово, Тополчани, Крушево, -5 Пожаране, Куманово, -4 Скопје, Штип, Ѓуриште, -3 Виница, Претор, -2 Битола, Охрид, Д. Капија, 0 Гевгелија, 1 Дојран.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
1 Дојран, Дебар, Пожаране, Претор, Д. Капија, Битола, 2 Крушево, 3 Маврово, Лазарополе.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Облачно и студено, во поголем дел од земјата со врнежи од снег. Без врнежи е во североисточниот дел од земјата.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб а во западните делови повремено умерен источен ветер. Максималната температура ќе се движи од -2 до 3 степени. Во Скопје, облачно со повремен снег. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Од денес нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и постудена воздушна маса која во наредните денови ќе предизвика претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните делови. Пообилни врнежи се очекуваат во среда кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток, особено во јужните делови. Овие врнежи ќе предизвикаат зголемување на снежната покривка на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе биде без поголеми промени и ќе биде во интервал од -3 до 4 степени.
Од петок се очекува стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура