Во Саудиска Арабија егзекутирани 100 луѓе од почетокот на годинава

од Milan1

Саудиска Арабија егзекутира четири лица денеска со што бројот на егзекуции се искачи на 100 од почетокот на годината, според извештај заснован на официјални изјави.

Последните егзекуции пријавени од официјалната саудиска прес-агенција доаѓаат во време на нова осуда на досието за човекови права во кралството, откако 81 лице беа убиени во еден ден минатата недела.

Од 100-те егзекуции, три во средата се совпаднаа со посетата на британскиот премиер Борис Џонсон, кој беше во Ријад за да лобира за зголемување на производството на нафта за да помогне да се стабилизираат пазарите по руската инвазија врз Украина.

Во саботата, егзекуцијата на 81 лице во Саудиска Арабија во еден ден – под различни обвиненија, вклучително и дела поврзани со тероризам – ја надмина вкупната бројка од 69 егзекутирани во цела 2021 година.

Хјуман рајтс воч наведе дека е „многу малку веројатно” 81 маж да добијат фер судење, нарекувајќи го тоа „брутално шоу на автократско владеење”.

Повеќе од половина од нив, 41, му припаѓале на шиитското муслиманско малцинство во кралството „кои долго време трпат системска дискриминација и насилство од страна на владата”, соопшти организацијата за права со седиште во Њујорк.

Слични содржини