Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-На територијата на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 5 за возење без возачка дозвола, 9 за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 12 санкции за користење мобилен телефон, пет санкции за некористење сигурносен појас, две за минување на црвено светло и 58 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштија од МВР.