19-годишник со „голф“ излетал од пат

од Берта Китинска

На 24.07.2022 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Страчинци– с.Стајковци, патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(19) од Скопје, излетало надвор од патот, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини