ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).
4 Дојран, 8 Претор, 10 Струмица, 11 Виница, Скопје-З.Рид, 12 Д. Капија, 14 Прилеп, 15 Штип, 18 Скопје Петровец, 19 Охрид, 20 Куманово, 21 Битола, 23 Крушево, 25 Кр. Паланка, 26 Ѓуриште, 27 Берово, 30 Дебар, Тетово, 34 Тополчани, 51 Лазарополе, 60 Пожаране, 84 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-19 Маврово, -18 Крушево, Лазарополе, -17 Тополчани, Ѓуриште, -15 Пожаране, -14 Прилеп, Кр. Паланка, Берово, -13 Претор, Охрид, Виница, Дебар, Куманово, Битола, -12 Штип, Тетово, -11 Скопје Петровец, Скопје-З.Рид, -10 Струмица, Д. Капија, Дојран, -8 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
1 Берово, Битола, Прилеп, Виница, Ѓуриште, 2 Кр. Паланка, Куманово, 3 Пожаране, 4 Тополчани, 5 Маврово.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Променливо облачно и многу студено со умерен до засилен северен ветер. Според последните податоци слаб снег паѓа само во Прилеп, а во Штип ветерот дува со брзина над 80км/ч.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Променливо облачно и многу студено со сончеви периоди. На места повремено ќе провејува слаб снег.Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе се движи од -13 до -6 степени.
Во Скопје, Променливо облачно со умерен повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до -9 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и многу студено време со услови за провејување на локален слаб снег. Утринските температури насекаде ќе бидат многу ниски, особено утре, кога на места ќе се спуштат и под -20-тиот степен, а дневните ќе бидат во благо покачување.