Јадењето брза храна богата со масти, може да нанесе сериозна штета врз меморијата, открија американските научници од Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего.
Новото истражување предупредува дека честото посегнување кон бисквити, торта или подготвена храна може да биде лошо за вашиот ум.
Тим на истражувачи во САД откриле дека транс-мастите, откриени во преработената храна, се поврзани со губење на меморија кај мажите.
Транс-масни киселини или транс масти се користат за подобрување на вкусот, текстурата и рокот на траење. Тие се поврзани со зголемениот ризик од срцеви болести. Новото истражување покажа дека потрошувачката на големи количини транс масти може да ја наруши меморијата на луѓето над 45 години. Експертите забележуваат дека нарушувања можат да се забележат и кај помлади луѓе, особено кај мажите.
Претставниците на посилниот пол, чија исхрана содржи високи нивоа на масти успеале да се сетат помалку на тест за меморијата, отколку оние кои избегнуваат мрсна храна.