2,4 милијарди луѓе во светот живеат без тоалет! 19 ноември – Светски ден на тоалетот

од desk3
101 прегледи

Присуството на тоалет на работното место “спасува живот” и го “зголемува економскиот раст”, се вели во соопштението на Меѓународната организација на трудот (МОТ) по повод “Светскиот ден на тоалетот”.

1479505173-7435dca585d37c2f66d09f78df5e8cfa

Во видео обраќање генералниот директор на МОТ Гај Рајдер наведува дека “2,4 милијарди луѓе, една третина од човештвото живее без тоалети” и болестите предизвикани од недостаток на канализација и хигиена, предизвикуваат една петтина од смртните случаи на работното место.

 

Покрај тоа, “падот на продуктивноста на трудот”, кој се должи на такви болести годишно го намалува за 5% БДП во многу земји.

 

Рајдер алармира дека “во фабрики, продавници, училишта, на пазари и дури во болници, вработените треба да изберат дали да влезат во примитивен  тоалет, или да бараат одводни места надвор”.

 

Некои работници ги ограничуваат храната и пијалоците, за да не им се наметнува да одат тоалет. Други ги потиснуваат своите потреби, посочува шефот на МОТ.

 

Гај Рајдер истакнува дека вработеноста зависи и од здравјето.

 

На глобално ниво за задоволување на потребите од водоснабдување и канализација се потребни повеќе од 50 милијарди долари.

 

Оваа година светскиот ден на тоалетот е насловена “Тоалет и вработување”, за да се нагласи дека присуството на тоалети е “суштински елемент за пристојна работа”. Целта е до 2030 година секој жител на планетата да има пристап до тоалет.