ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).
3 Прилеп, 6 Штип, 10 Струмица, Тополчани, Кр. Паланка, 16 Скопје Петровец, 17 Скопје, 18 Д. Капија, 25 Берово, Тетово, 26 Битола, 30 Крушево, 46 Ѓуриште, 48 Лазарополе, Пожаране, 71 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-21 Берово, -17 Маврово, -16 Лазарополе, -14 Крушево, Кр. Паланка, Струмица, -12 Куманово, -11 Скопје Петровец, Тетово, Дебар, Пожаране, -10 Виница, Штип, -9 Охрид, Ѓуриште, -8 Прилеп, Д. Капија, Тополчани, Скопје, -7 Битола, Претор, -6 Гевгелија, -4 Дојран.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
1 Крушево.
ВРЕМЕТО УТРОВО
Студено со малку повеќе облачност во југозападните делови од земјата. Само понекаде дува слаб претежно северен ветер.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Наутро студено, а преку денот сончево со мала облачност, поизразена на југот од земјата. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Температурата од -2 до 5 ° С.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб претежно северен ветер. Температурата 2 ° С.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, додека дневните ќе бидат за 2 до 5 степени повисоки. Од недела и условите за појава на магла по котлините ќе се зголемат, а ќе се зголеми и облачноста па од понеделник утринските температури ќе се покачат.