Една третина од жителите на САД ја сметаат Руската Федерација за “непријателска држава”, уште 20 проценти пак гледаат на неа како на “непријател” на својата земја. Такви се резултатите кои  ги спровела компанијата YouGov.

Попрецизно, на мислењето “Русија – непријател на САД” се 22 отсто од анкетираните. Притоа се добива интересна слика. 39 проценти од оние кои гласале за Хилари Клинтон, сметаат дека Русија е непријател, а на тоа мислење се само 10 проценти од следбениците на Трамп.

Генерално Русија е на шесто место меѓу непријателите на САД. На прво место е Северна Кореја (57 проценти), Иран (41), Сирија (32), Ирак (29) и Авганистан (27).

По Русија следат Либија, Сомалија, Пакистан и Палестина.