26-годишен гостиварец со голф удрил 65-годишен пешак и избегал

од Vladimir Zorba

На 16.05.2023 во 22.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од улиците „Браќа Ѓиновски“ и „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот гостиварец Н.А., удрило во 65-годишниот пешак С.Т, исто така, од Гостивар, по што го напуштило местото, но возачот набрзо бил пронајден и приведен.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Слични содржини