26-годишна скопјанка со остар предмет ја повредила мајка си

од Маја Анчевска

Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 00.25 часот во Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода М.Б.(26) од Скопје затоа што во домот со остар предмет и нанела повреди на нејзината мајка и се однесувала агресивно кон членовите на семејството и полициските службеници кои вршеле службени дејствија.

– Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата

Слични содржини