30-годишно момче мртво донесено на Токсикологија

од Берта Китинска

МВР информира дека утринава во 05:54 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека на Одделение за токсикологија бил донесен 30-годишниот Р.Б. без знаци на живот.

Според пријавеното, веднаш потоа телото го земале членови на семејството и заминале со патничко возило, кое набргу било пронајдено. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Слични содржини