-4 Кр. Паланка, Маврово, Ѓуриште, -3 Лазарополе, -2 Куманово, Скопје Берово, Дебар…

од Vladimir Zorba
100 прегледи

 

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

1 Берово, Крушево, Виница, 3 Пожаране, 4 Тетово, 7 Дебар, 9 Лазарополе, 15 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-4 Кр. Паланка, Маврово, Ѓуриште, -3 Пожаране, Лазарополе, -2 Куманово, Скопје Петровец, Виница, Берово, Дебар, -1 Тополчани, Крушево, Скопје, Тетово, Прилеп, 0 Струмица, Д. Капија, Битола, Штип, 2 Охрид, Дојран, Гевгелија, 3 Претор.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

0 Штип, Гевгелија, Битола, Д. Капија, Виница, Кр. Паланка, Прилеп, Струмица, Скопје, Ѓуриште, Тополчани, 1 Берово, Охрид, Крушево, Тетово, Претор, 3 Пожаране, 4 Лазарополе, 5 Маврово, 7 Дебар.

 

ВРЕМЕТО УТРИНАВА

Умерено до значително облачно понекаде со слаб претежно северен ветер. Слаб дожд врне во Крива Паланка и Претор, а слаб снег во 7 часот врне во Пожаране, Лазарополе, Штип, Берово и Маврово.

 

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Претпладне ќе има услови за појава на слаб снег во западните и северните делови, преку денот ќе биде променливо облачно со слаб јужен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 3 до 9° С.

Во Скопје променливо облачно со слаб претежно североисточен ветер и со температура до 4 °С.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Значителна промена на времето ќе има од четврток кога поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сm. До сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси. Од петок температурите значително ќе опаднат. За време на викендот облачноста ќе се намали и ќе биде многу студено. Во Беровско температурата ќе се спушти и до -20°С.