4 работи од секојдневниот живот, кои помагаат да ослабеме

од Vladimir Zorba

Пролетта и летото се ‘поблиску, што не потсетува дека е време да размислиме за наталожените килограми во текот на зимските месеци. Понекогаш, сепак, дури и да одиме со најдобрите намери, изхраната и фитнесот како режим не се лесна задача.

Добрите вести се дека можеме да примениме некои трикови во секојдневниот живот, со чија помош полесно можеме да ја постигнеме посакуваната цел.

1. Да поспијам уште малку

Кога желбата ни е да ја намалиме тежината, станувањето рано наутро, за да приготвиме храна или за да спортуваме, веројатно звучи како идеален план. Ако сепак се чувствуваме уморни, бидејќи не сме доволно наспани, тоа повеќе ќе ни наштети. Тогаш сме подготвени да јадеме повеќе во текот на денот. Покрај тоа, недостатокот на сон влијае на хормоните во организмот, кои можат да го забават метаболизмот.

2. Факторот вежбање

Некои преферираат да извршат физичка активност рано наутро и ова е одлична стратегија за забрзување на метаболизмот во текот на целиот ден, се синтетизира ендорфин и на тој начин го почнуваме денот со добро расположение. Ако преферираме да извршуваме физичка активност подоцна во текот на денот, не е задолжително да се насочиме кон салата. Дури и кратки вежби во рамките на 10 минути јога или трчање, тоа го засилуваат метаболизмот.

3. Да ги отвориме завесите

Треба да ја пуштиме сончевата светлина во собата при првата можност и да уживаме во една утринска прошетка. Изложувањето на сонце го “прилагодува” биолошкиот часовник на организмот, кој исто така помага за зајакнување на метаболизмот.

4. Да се ​​пијат често течности

Покрај задолжителната чаша кафе наутро, кон неа е важно да додадеме и чаша вода. На овој начин се намалува отокот на стомакот, оставајќи чувство на непријатност во текот на целиот ден.

Слични содржини