Меѓународната невладина организација Комитет за заштита на новинарите ја повика владата на Турција да ги повлече сите обвиненија од најстариот прокурдски весник во земјата и да ги ослободи притворените новинари на весникот, пренесува РИА Новости.

“Турските власти го ставија весник Ozgur Gundem на бескрајна репресија. Обидот за државен удар во јули на никаков начин не го сопре затворањете на прокурдскиот весник или гонењето на работата на новинарите. Ги повикуваме властите да ги ослободат сите уапсени новинари и да дозволат весникот да биде издаден “, изјави координаторот на Комитетот за Европа и Централна Азија Нина Огнјанова.