5 видови храна кои ја спречуваат изградбата на мускули

од Vladimir Zorba

Ја посетуваме салата пет дена во неделата, настојуваме да се држиме до одреден режим на исхрана, но тоа не секогаш има ефект и не успеваме да  ги изградиме посакуваните мускули. Можно е проблемот да се крие во некоја од храната која редовно присуствува во менито.

Кога претерувате со консумирањето на овaa хранa, ги лишувате мускулите од супстанциите кои им се потребни за раст …

1. Колачи

Крофни, колачи и други слатки – сите тие се со висока содржина на масти и со ниска на протеини. Така конзумираме премногу калории и помалку протеини, што е проблем, кога се обидуваме да изградиме мускули.

2. Диететска кола

Многумина сметаат дека во диететските пијалаци не се содржат калории, но кога конзумираме празни калории, вкупното количество на калории што го прифаќаме до крајот на денот, е значително поголемо. Ова, за возврат води до таложење на вишокот килограми, а не на мускулна маса.

3. Чоколадни десерти

Да, во чоколаден десерт има кикирики и протеини и тие не би наштетиле. Вистина е дека ф’стаците навистина заситуваат после тренинг, но калориите од шеќерот можат да се претвораат во масти, што значи акумулација на вишокот килограми.

4. Пиво

Консумирањето алкохол ја спречува обновата на мускулите. Покрај тоа, прифаќаме и непотребно количество јаглехидрати.

5. Протеински шејк

Познато е дека многу арно не е на арно. Истото важи и за протеинскиот шејк. Кога претеруваме со потрошувачката на три такви пијалоци, организмот се наситува со протеини, што доведува до нивна трансформација во масти.

Слични содржини