КАФЕ ИЛИ ЧАЈ – Што е подобро да се пие наутро?

од Stefanija Kuzmanovska

Кафето и чајот се два најпопуларни пијалоци наутро. Иако повеќето луѓе сакаат да го започнат денот со кафе, некои сепак се одлучуваат за шолја чај.

Научниците се осврнаа на придобивките од двата пијалаци и му дадоа мала предност на кафето.

1. Кафето ќе ви помогне во утринското вежбање
Ако сакате да вежбате веднаш по будењето, кафето е идеален избор за утрински енергетски удар. Имајќи го предвид фактот дека кафето содржи поголема количина на кофеин од чајот, тоа може да ги подобри вашите физички перформанси и да го намали заморот при вежбање.

2. Кафето е добро за концентрација
Дали треба да се концентрирате додека учите за испит или додека учествувате во активност што бара фокус? Во овој случај, кафето е подобар избор. Бидејќи содржи повеќе кофеин, тоа ќе ви помогне да останете будни и да правите активности и во текот на ноќта.

3. Кафето подобро ги поттикнува когнитивните процеси
Чајот е пијалок кој содржи кофеин и Л-теанин кој ќе ви помогне да се опуштите, бидејќи кофеинот комуницира со рецепторите на аденозин во нашиот мозок и го намалува чувството на замор.

Имајќи предвид дека повисоки концентрации на кофеин во крвта може да се појават само 15 минути откако ќе го испиете, станува јасно зошто кафето е пијалок кој дава моментална енергија.

4. Кафето може да помогне при слабеење
Постојат студии кои сугерираат дека конзумацијата на кафе е поврзана со пониско ниво на маснотии. Студиите врз животни покажаа задоволителни резултати. Друга интересна студија укажува на тоа дека хлорогената киселина е моќна супстанца за слабеење, што потврдува дека кафето е добар избор за оние кои сакаат витка линија.

5. Кафето може да ја намали шансата за развој на дијабетес
Истражувањата покажаа дека кофеинот може да ја намали можноста за развој на дијабетес. Само 3 шолји кафе на ден ќе го намалат ризикот за 42 отсто. Но, не сметајте дека пиењето кафе е доволно за да го заштитите организмот од оваа болест; потребно е да се придржувате кон здрав начин на живот.

Слични содржини