Во најновниот број на неделникот Фокус ќе читате:

ПРИЗНАНИЈА ЗА МОЈАТА ГРЕШНОСТ!
Во 2006 се залагав за генерален реизбор на судиите, ама откако видов дека Грујчо ги реизбра по „тефтерчето на Горде“, сега се плашам да ја поддржам оваа идеја на Заев. Уште пред две децении предлагав обвинителот да го избира опозицијата, а сега се ежам од помислата груевци да имаат таква чест. Сакам повторно да се заложам за лустрација на соработниците на режимот, груевизмот сега, ама се сетив како „началникот“ ми го смести
КЛУЧОТ И КАЛАУЗОТ
Што се нема во дипломатска чанта на Метју Нимиц. Сѐ има, само компромис не! Стотици предлози, еднаш одбивани од Македонија, друг пат од Грција. Премногу пораки и постојани изјави дека клучот за заемно прифатливото име е во Скопје и во Атина. А ако нема клуч, помага и калаузот. Сигурно може да се најде во Вашингтон и во Брисел
КОЈ ЌЕ ГО ПРЕДАДЕ ГРУЕВСКИ?
Извори од СЈО за „Фокус“ тврдат дека јавноста ќе биде шокирана кога ќе чуе кој од најтесниот круг на Фамилијата се пријавил да сведочи против Груевски. И претставникот од реформското крило на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески јавно кажа дека осуммина од раководството на партијата се сведоци на СЈО
„ЗЕЛЕНИ“ ТЕНДЕРИ НА ЖЕРНОВСКИ
Општина Центар склучила договори со четири компании за хортикултурно уредување за 1,3 милиони евра, од кои половина милион се слеале во „Флорастат“, чиј сопственик е човек близок до Влатко Мијалков. Сите постапки се со само еден понудувач, така што не е почитуван критериумот најниска цена
ПАСТИРОТ И ОВЦИТЕ
Груевски не само што не е никаква гаранција за изборна победа на ДПМНЕ, туку поради неговото правно и политичко соголување, кое расте драматично со замолкнувањето на гебелсистичката пропаганда, задржувањето на лидерската функција на пастирот е осигурителна полиса за блиската политичка иднина на СДСМ
ДИЛЕМА НА КРИМИНАЛЦИТЕ
Следната изборна битка се очекува да биде во октомври. Груевски одамна ги запали сите вмровски бродови, и бегање нема. Или победа, или затвор за сите. Како да се демотивира така мотивираната војска на пастирот? Па, Заев треба да ѝ даде „бродови“. Во спротивно, ќе му требаат нему кога тој ќе биде поразен.
ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ ВО БЕЛИ МАНТИЛИ
Досегашните први луѓе на клиниките повеќе време се занимаваа со политика, отколку што си ја вршеа работата. Дел од нив учествуваа во изборните спотови на владејачката партија, дел собираа потписи за кандидат за претседател на државата, некои кроеја списоци за партиски вработувања, додека други станаа и пратеници