-7 Скопје Петровец, -6 Берово, -5 Д. Капија, -4 Струмица, Штип, Тетово, -3 Битола…

од Vladimir Zorba
93 прегледи

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-7 Скопје Петровец, -6 Берово, -5 Д. Капија, -4 Струмица, Штип, Тетово, -3 Битола, Дебар, -2 Лазарополе, Кр. Паланка, Маврово, -1 Претор, Прилеп, Охрид, Виница, 0 Крушево, Пожаране, Куманово, Гевгелија, 2 Ѓуриште, 3 Тополчани, 7 Дојран.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

Без врнежи

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Утринава во земјава преовладува сончево и студено време со мала до умерена облачност.По одделни котлини има појава на слаба магла. Дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повеќе е изразен на повисоките места и во Гевгелискиот регион.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец. Доцна попладне и ноќта во северните и западните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Дневната температура ќе биде во опаѓање и ќе се движи од 6 до 12 степени.

 

Скопје Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Највисоката температура ќе достигне до 7 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

И утре  нашето подрачје ќе биде под влијание на студена воздушна маса  од север која ќе предизвика  засилен северен ветер, претпладнето на места провејување на слаб снег и позначително опаѓање на дневната температура на воздухот која ќе се движи во интервалот од 3 до 8 степени. Потоа во наредните денови следува стабилно и постудено време.

Слични содржини