700 полицајци ќе го обезбедуваат Канскиот фестивал, забранети и летовите над градот

од desk3
118 прегледи

Под големо полициско обезбедување стартува 70. Филмски фестивал во Кан,  објавува Anadolu Agency (AA). Ќе трае  до 28 мај. 

 Во близина на булеварот  Croisette каде ќе проаѓаат  филмските екипи од сигурносни причини поставена е железна ограда.
Сите безбедносни подготовки се завршени. Забранети се летови над градо, а околу најпрометната улица  Croisette поставени се  околу 400 бетонски саксии како превенција од било каков напад со помош на возило.
Во некои подрачја поставени се и снајперисти. Во текот на фестивалот ангажирани се 700 членови на обезбедување и прв пат на локалните полицајци им е дадено оружје.

Војската го презеде обезбедувањето на железничката станица во Кан и аеродромот во Ница. Константно ќе биде следена ситуацијаа со 550 камери. За фестивалот се акредитирани повеќе од 40.000 лица, а се очекува дека фестивалот во текот на 12 дена ќе го посетат околу 200.000 луѓе. Сите овие безбедносни активности се реакција на терористичките напади на Франција.