304
Повозрасно лице било пронајдено починато во опожарена куќа во Кичево, соопшти МВР. Трагичниот настан се случил утринава.
-На 09.12.2023 година во 04.45 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во куќа во Кичево, сопственост на Т.Ј.(79) од Кичево, настанал пожар. При интервенција на Територијалната противпожарна единица, бил пронајден починат сопственикот на куќата, велат од полицијата.
Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево.