8 идеи да ја искористите целосно и правилно секоја чаша кафе

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Земи го најдоброто од својата кофеинска навика.

Љубителите на кафето се множат секој ден, коментарите за тоа дали е штетен или корисен кофеинот.
Експертите за исхрана, лекари и нутриционисти тврдат дека кафето не е штетно, колку да се користи со мерка. Затоа мирно уживање на секоја чаша од кофеинскиот пијалок, а како да ги користите максимално неговите благодети, следете ги следниве “правила”:

1. Не пијте кафе пред 10 часот

Шокантно, но научно оправдано! Истражувања покажуваат дека веднаш по станување човек е во потрага и забележува сè поради зголемените нивоа на кортизол во телото. Тоа е во рамките на час-два, а потоа му се спие и концентрацијата му паѓа, бидејќи и кортизолот се намалува. Тоа е и вистинско време да ставите малку кофеин во телото.

2. Често, но по малку

Научниците тврдат дека кофеинот е поефикасен кога се зема во мали дози, Значи може да поделите кафето на половинки.

3. Не пијте кафе додека се храните
Подобро да помине чашка час по ручекот, кога ви се спие. Не пијте кофеински пијалок за време на вечера, ако сакате да имате мирен и здрав сон.

4. Кафе пред попладне пред дремка?
Според некои истражувања ако пиете кафе 30-60 минути пред пладневната дремка, ќе се разбудите неколку пати попродуктивни и креативни!

5. Пијте кафе со чаша вода
Кафето има диуретичен ефект, па го консумирајте со чаша вода, за да се заштитат од дехидрација.

6. Бројте ги шолјите со кафето оти не треба да се претерува
Прифатено е дека еден возрасен човек не треба да троши повеќе од 40 мг кофеин на ден. Инаку води до раздразливост, вознемирен стомак и инсомния.

7. Пијте кафе пред вежбање
Не само што ја зголемува концентрацијата и мотивацијата, но и издржливоста, бидејќи користи масти за гориво на телото.

8. И најважно е како пиете своето кафе
Наместо да туркате шеќер и крем, подобро зачинете со бадемово / соја или кокосово млеко. Шеќерот пак заменете со мед – поздраво и е ниско калоричен.