94% од Русите сметаат дека во Русија всушност има олигарси , покажуваат резултатите од истражувањето на Всерускиot центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ), цитирано од локалните медиуми.
Само 3 отсто од испитаниците се убедени дека во Русија нема олигарси , а 3 отсто сметаат дека е тешко да се одговори.
Според 52% од испитаниците, олигарсите се богати луѓе (милионери и милијардери) . 20 проценти мислат дека нивниот статус е нелегален. 14% велат дека олигарсите се богати луѓе со политичко влијание.
Роман Абрамович е најпознатиот олигарх меѓу Русите (15%). Олег Дерипаска (8%) и Михаил Прохоров (7%) се меѓу првите тројца .
Претходно портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека во Русија нема олигарси.