Припадниците на Безбедносно-информативната агенција, во соработка со Обвинителството за високотехнолошки криминал и Министерството за внатрешни работи, го уапсија Д.М. (1972) од Белград, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело од член 138 став 3 Загрозување на безбедноста на Кривичниот законик на Република Србија.

Осомничениот, преку социјалната мрежа Твитер, постојано повикувал директно на убиство врз претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Со брза реакција на припадниците на БИА и припадници на Министерството за внатрешни работи, лицето е приведено и тој ќе биде задржан во траење од 48 часа во консултација со дежурниот обвинител, по што ќе биде изведен пред надлежниот судија.

Д.М веќе е осудуван за семејно насилство на шест месеци затвор, две години условна казна.