Пратениците на Двери протестираа пред влезот на српскиот Парламент и во таа прилика ги нападнаа министрите и замениците на владејачкото мнозинство кога тие влегуваа во зградата. Најлошо помина пратеникот Маријан Ристичевиќ, кој едвај извлече жива глава од толпата.

Ристичевиќ бил снимен како излегува од метежот без палто, а кошулата му била искината.
До инцидентот дошло кога Обрадовиќ и уште неколку пратеници и симпатизери на движењето Двери ги блокирале скалите на влезот во собранието.
По Ристичевиќ, лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ се судрил и со министерот за здравство, Златибор Лончар, кој, исто така, доаѓал на седница во парламентот.
Обрадовиќ и приврзаниците на Двери носеле транспаренти „Доле влада“, „Дали короната зависи од изборите“, „Не може Ѓурѓовден, ама избори може“.