Пензионерите ослободени, од денеска може да се штетаат до 19 часот

од Берта Китинска
286 прегледи

Сите граѓани од денеска имаат дозволено движење од 5 до 19 часот, вклучително и лицата над 67 години, како и децата и младите до 18 години кои досега, покрај забраната од 19 до 5 часот, имаа ограничувања и во одделени периоди од денот.

-Денеска можам слободно да се прошетам со внучињата низ паркот.Откако беше воведен полицискиот час, не можев со нив да излезам надвор.Сега ќе шетаме по цел ден, вели пензионерот  Ѓорги Ангеловски од Кисела Вода.

-Благодарна сум што го укинаа полицискиот час. Сега без брзање може да појдам до лекар и до маркет. Греота е на ова убаво време да се затвораме дома, си ги почитуваме сите мерки. Секогаш носам маска и во чантата средство за дезинфекција, објаснува Светлана Спировска од Кисела Вода.

Измените и дополнувања на Одлуката за ограничување на движењето во вонредна состојба Владата ги усвои откако Уставниот суд вчера на седница го укина посебниот режим  на движење  за овие две возразни категории.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата на вчерашната седница донесе и дополнување на Уредбата за носење лична заштита заради спречување на ширењето на коронавирусот, со тоа што се проширува вршењето надзор врз спроведувањето на оваа мерка и овластувања добиваат и Државниот комунален инспекторат, општинските комунални инспектори и комуналните редари.

Слични содржини