Канте одбива да тренира: Короната убива повеќе темнокожи луѓе?!

од Vladimir Zorba
273 прегледи

Фудбалерот на француската фудбалска репрезентација Н’Голо Канте (29) не се појави на тренингот на Челси во средата поради стравувањата од инфекција со коронавирус, а тренерот Франк Лампард (41) го поддржа во таа одлука.

Светскиот шампион од Русија беше на првиот тренинг на тимот во вторникот, кога започнаа тренинзите во помали групи, но тој не се врати во средата.

Епидемијата од коронавирус во Велика Британија не запре, стотици луѓе умираат секој ден, а некои истражувања покажаа дека црнокожите умираат скоро двојно повеќе од КОВИД 19 од белците.

Канте има подебел картон за здравствени проблеми во семејството. Татко му почина кога имал 11 години, неговиот постар брат починал од срцев удар само неколку недели пред СП 2018, а самиот НГоло се сруши на тренинг пред две години.

Откако гласините за продолжување на ПЛ во средината на јуни се шират се погласно, шест од вкупно 748 лица од клубовите беа заразени во првиот круг на тестирање. Меѓу нив е играчот на Ватфорд, Адријан Маријапа (33).

И неговиот капитен Трој Дини (31) исто така не тренира со соиграчите. Не само затоа што тој е повеќе изложен на инфекција, туку и затоа што неговиот петмесечен син има проблем со дишењето.

Стручното здружение на фудбалери на Англија (ПФА) бара дополнителни проверки на ризикот од зарази на играчи со темна кожа, а до тогаш некои ќе бидат надвор од терените.

Слични содржини