Грција ќе го зголеми бројот на тестови за коронавирусот и ќе воведе дополнителни ограничувања на места што се појавуваат како нови жаришта, одлучи владата на таа земја.
Премиерот Киријакос Мицотакис и други официјални лица оствариле итен состанок, поради големото зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Од 97 новозаразени во изминатите четири дена, третина се патници од странство.
Ова предизвика посебна загриженост во Грција, бидејќи тие планираат од 15 јуни да ги отворат граници за странските туристи, а се предвидува дека нема да мора да бидат ставени во карантин и дека тестовите нема да бидат спроведени за секого, туку по случаен избор, пренесува порталот „Keep Talking Greece“.
Како што изјави портпаролот на владата, Стелиос Пекас, по средбата, заразените патници од странство се грчки државјани, пренесуваат регионалните медиуми.
Не се зборувало за тоа дали одлуката може да се преиспита или дали отворањето на границите закажано за 15 јуни може да биде одложено.
На денешната средба, официјалните лица се согласиле дека треба да се спроведат повеќе тестирања во жариштата низ целата земја и дека тие области може да бидат целосно блокирани, доколку се појави потреба.