Трамп објави видео на Твитер на кое Афроамериканец тепа белец: Каде се сега демонстрантите? (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
270 прегледи

На социјалните мрежи во САД кружи видео од нападот во Мичиген, на кое се гледа како Афроамериканец тепа белец, а видеото на неговиот Твитер профил го објави и претседателот Доналд Трамп.

За разлика од видеото за полициското убиство на црнецот Џорџ Флојд во Минеаполис, Минесота, чие убиство од страна на полицијата предизвика големи протести и немири низ САД, жртвата во ова видео преживеала, јавува Индекс.

Меѓутоа, во овој случај, црнецот бил напаѓачот, а жртва бил белец – поточно, продавачот во стоковната куќа на добро познат ланец за малопродажба.
Нападот се случил на 15 мај, по што видеото излезе и се прошири на социјалните мрежи, а денес го сподели на Твитер и американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој го повтори мислењето на Мет Волш, колумнист за американскиот десничарски портал Дејли Вајр, кој го основаше политичкиот коментатор Бен Шапиро.

„Погледнете што се случува овде. Каде се демонстрантите? Дали е уапсен овој човек“, прокоментира Трамп.