Грција се затресе: Земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди Родос

од Aleksandar Petrovski
115 прегледи

Земјотрес со јачина од 5,4 степени го потресе грчкиот остров Родос во неделата, загрижувајќи голем број локални жители и туристи.

Земјотресот се случил околу 20.30 часот по локално време, а неговиот епицентар бил на 29 километри северо-источно од Родос, на длабочина од 50 километри, јавува грчкиот портал „Катимерини“.

Не е забележана материјална штета, но жителите и туристите се вознемирени, особено во градот Родос, каде најмногу се почувствувал земјотресот.