Руски лекар вели дека се што сме знаеле за здравата храна е лага: Нуди нови правила за доручек, ручек и вечера (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
203 прегледи

Познатиот кардиохирург предупредува за резултатите добиени од новите истражувања за правилна исхрана, кои ги побиваат општо прифатените правила …

Дајте го појадок на непријателот, ручајте околу пладне и имајте нормална вечера, но не во доцните часови и на крај прошетајте пред спиење или вежбајте. Луѓе кои живеат така – ќе живеат долго и здраво.

Овие тврдења ги претставува професор д-р Лео Бокерија, академик на Руската академија на науките и уметностите и член на Руската академија за медицински науки. Овој главен руски кардиохирург на Министерството за здравство на Руската Федерација ја побива идејата за традиционалниот принцип на здрава, дневна исхрана.

– Сè што до сега знаевте за здравата исхрана е лага, заблудата е дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, главниот оброк треба да се јаде по враќањето од работа, во раните вечерни часови – одлучен е Лео Бокерија.

Иако овие совети прво предизвикаа бурни реакции кај експертите, но и целата јавност, други лекари подоцна ја објаснија вистината за овие тврдења. Многу студии покажуваат дека појадокот не мора да биде тој главен оброк, но исто така и дека луѓето не мора да бидат дебели иако го прескокнуваат утринскиот оброк, затоа што метаболизмот на секоја личност е различен.

Академик Бокерија тврди дека телото постепено се буди наутро и не треба да биде оптоварено со оброк, особено не тешки оброци со многу маснотии и калорична храна. Покрај тоа, овој кардиохирург посочува дека само еден сендвич е доволен за ручек, во периодот од 13 до 14 часот и дека се препорачува „нормален“ оброк само во доцните попладневни часови, по 17 часот.

Најголемите студии за здрава исхрана и соодветни интервали помеѓу оброците се спроведуваат во Америка и Канада. На искуството и соработката со водечките експерти за хирургија во Америка, Бокерија дојде до уникатен заклучок.

– Кога соработувавме со Американците, тогаш забележав дека големите хирурзи во најдобар случај пијат чаша кафе наутро, јадат сендвич само напладне и тоа го нарекуваат ручек, а навечер јадат нормална храна дома, пливаат, читаат и одмараат – истакнува Бокерија.

Најпознатото истражување што досега го потврди советот на познатиот руски лекар го спроведе д-р Дејвид Левитцки од универзитетот Корнел. Д-р Левитцки откри дека оние луѓе кои го прескокнуваат појадокот за неколку недели значително губат телесната тежина. Тој ја потврди оваа теорија со експеримент.

Половина од учесниците појадувале, другата група одбивала појадок. Групата што прескокнувала појадок, земала 408 калории помалку на ден од групата што јадела појадок редовно.

– Разбирам дека прескокнувањето на појадокот е во спротивност со сè што знаете за здравата диета, но новите податоци нè тераат да размислуваме сериозно за откажување од првиот утрински оброк. Се разбира, ова се однесува на здрави луѓе. Луѓето кои имаат проблем со дијабетес и хипогликемија, не треба да ги прескокнуваат оброците за да го одржат нивото на гликоза – објасни д-р Давид Левитцки.

 

Слични содржини