„Им останавме должни на граѓаните за судска разрешница на случаите кои што произлегоа од СЈО.Судиите ги застаруваа предметите, тие останаа заробени во нивните фиоки, оние кои што ги предизвикаа злоделата не одговараа.Затоа планираме целосна проверка на работењето на судиите“, напиша на својот Фејсбук профил министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Тој напомена дека секој оној кој што не работел според закон ќе треба да одговара.
„Ќе направиме и проверка на имотната состојба на судиите користејќи ги постоечките институции на системот. Многу просто и едноставно, со влезот во НАТО имаме мир, а и правда ќе има!“, напиша Манчевски.
https://www.facebook.com/damjan.manchevski.3/videos/304929347354534