Научниците конечно го најдоа „виновникот“ за тешките симптоми на коронавирус

од Aleksandar Petrovski
323 прегледи

Се чини дека науката го откри виновникот за најтешките симптоми на КОВИД-19 болеста, а тоа е човечкиот петид брадикинин, кој може да биде одговорен за разни, а понекогаш и смртоносни симптоми забележани кај пациенти заразени со новиот вирус на корона, пренесува Танјуг.

Лекови за контрола на брадикинин веќе постојат, и тие во моментов се тестираат на пациенти со Ковид-19 со цел потенцијална терапија против таа болест, пишува списанието New Scientist.

Брадикининот нормално помага во регулирање на крвниот притисок, а кај некои луѓе, се чини дека новиот вирус на корона го турка производството на брадикинин „во петта брзина“.

Ова може да доведе до еден вид „бура на брадикинин“ во човечкото тело, што пак резултира со низа симптоми кои се вообичаени кај КОВИД-19 болест.
Ренука Рош од Универзитетот во Источен Мичиген вели дека таквата бура во човечкото тело може да објасни зошто се одделени толку многу аспекти на КОВИД-19, како што се болки во мускулите, полесна форма на заболување кај жени отколку мажи и склоност на Афроамериканците да развијат компликации од инфекција на коронавирус.

Тим американски научници објавија студија во јули во која проучувале експресија на гени во примероци на белодробни течности земени од девет пациенти во Кина и ги споредиле наодите со примероци од група луѓе кои немале КОВИД-19.

Соодветно на тоа, кај пациенти со КОВИД-19 пронајдени се докази за преголема експресија на гените одговорни за производство на брадикинин и кај неинфицираната група, намален израз на гените кои произведуваат ензими кои го држат брадикининот под контрола.

Брадикининот ги проширува крвните садови и ги прави попропустливи, голема количина брадикинин може да доведе до протекување од крвните садови, особено во областите на телото кои се богати со крвни садови, како што се белите дробови.

Исто така, брадикининот може да ја сруши бариерата помеѓу крвта и мозокот, што укажува на можна причина за збунувачките невролошки симптоми на болеста КОВИД-19.

Канадскиот експерт Џо Пенингер смета дека хипотезата за брадикинин има смисла затоа што новиот вирус на корона ги напаѓа рецепторите на АЦЕ-2 во клетките, а тие исто така се одговорни за зауздување на нивото на брадикинин.

Бидејќи вирусот ја намалува способноста на овие рецептори, нивото на брадикинин во човечкото тело може да излезе од контрола, вели Пенингер, објави телевизијата Н1 во Загреб.

Слични содржини