Цел Мадрид од вечерва е затворен

од Nikola Popovski
148 прегледи

Мадрид е првата престолнина на една европска земја која од вечерва ќе биде повторно затворена, така што 4,8 милиони жители на главниот град и девет околни општини нема да можат да го напуштат градот со цел да се спречи ширење на коронавирусот.

Поради зголемениот број на случаи, Мадрид и уште девет други околни општини ќе бидат ставени во карантин, а ќе бидат дозволени само патувања за работа, училиште, посети на лекар или купување на продукти.

Работата на баровите и кафулињата ќе се скрати од еден час по полноќ до 23 часот, пренесува Ројтерс.

Рестораните, спортските сали и продавниците ќе можат да работат со половина капацитет.

Главно жариште во Европа

Според официјалниот службеник за здравство, Енрике Руиз Ескудера, мерките за затворање почнуваат да се применуваат за Мадрид и девет околни општини во 22 часот по локално време.

„Ние сме должни да го започнеме ова од денес“, изјавил регионалниот официјален претставник Енрике Лопез на прес-конференција.

Тој му се извинил на Мадрид за неизвесноста што постоелапоследните денови, обвинувајќи ја централната влада за тоа.

Мадрид е главното жариште на Европа со 850 заразени на 100.000 жители, додаваат агенциите.

Слични содржини