193
Сите претходно планирани настани од претседателската кампања на Трамп, во кои е предвидено учество на американскиот претседател, ќе бидат онлајн или се привремено одложени откако Доналд и Меланија Трамп беа позитивни на коронавирус, соопштила неговата администрација.
Претходно најавените настани во кои се вклучени членови на семејството Трамп исто така се привремено одложени.
„Сите други настани во рамките на кампањата ќе бидат разгледани од случај до случај и ние ќе го објавиме соодветното соопштение неколку дена однапред“, соопштилс администрацијата на Трамп.
Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, беше негативен на тестот за коронавирус и ќе продолжи со кампањата за изборите што ќе се одржат на 3 ноември.