Финска студија: Сите кошмари околу кoрoната

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Коронавирусот стана ноќна мора – буквално, покажала финска студија, во која учествувале стотици волонтери.

Тие им ги раскажаа своите соништа на научниците од Универзитетот во Хелсинки за време на карантинот воведен поради пандемијата во првиот дел од годината. Соништата за изгубени пасоши, затворени граници, многу луѓе во мали простории и смртта се повторувале одново и одново во сведочењата на доброволци.

Ракувањата и прегратките исто така станале дел од кошмарите. Луѓето кои сонувале за нив, го сфатиле како непристојно кршење на правилата за физичко растојание.

„Соништата обично се приватна работа, но кога околината брзо се менува за толку кратко време, се чини дека многумина имаат исти асоцијации“, рече водечката авторка на студијата, психологот Ана-Катрина Песонен.

Студијата е објавена во списанието „Frontiers in Psychology“ и во неа учествувале 4.000 Финци.

Една четвртина пријавила повеќе кошмари отколку пред пандемијата, а една третина се будела почесто ноќе.

Но, повеќе од половина од учесниците спиеја повеќе од вообичаено, делумно затоа што работеа од дома поради пандемијата.

Слични содржини